Хрватска
Вооружен маж упадна во болница во Загреб, во тек се преговори со напаѓачот
03.09.2024 12:14
Според медиумите лекарите и другиот персонал се заклучиле во канцелариите со пациентите, а полицијата и интервентните единици се во процес на преговори со мажот...

Вооружен маж со пиштол упаднал во просториите на загребската болницата Ребро. Според медиумите лекарите и другиот персонал се заклучиле во канцелариите со пациентите, а полицијата и интервентните единици се во процес на преговори со мажот.
Сè уште не е утврдено дали напаѓачот има вистинско оружје. Очевидци велат дека сè околу болницата е блокирано.
