Груевски: Државата нема да толерира насилни протести
Премиерот Никола Груевски денес апелираше до сите граѓани кои планираат да протестираат тоа да го направат на демократски начин...
Премиерот Никола Груевски денес уште еднаш повтори дека државата нема да дозволи насилни протести и упати апел до сите граѓани кои планираат да протестираат тоа да го направат на демократски начин.
„Не можам да поддржам и никој во државава и надвор од неа нема да поддржи насилни протести. Институциите нема да го дозволат тоа. Секој протест од кој ќе излезе акт на насилство врз полицијата граѓаните или институциите во Македонија нема да биде толерирано како и во ниту една друга земја„ рече Груевски.
Премиерот нагласи дека оваа порака е упатена и за граѓаните кои имаат најавено контра протест во текот на утрешниот ден.
