Дикеч ќе ја заштити позата со која се прослави на Олимписките игри во Париз

03.09.2024 12:20

Дикеч на Олимписки игри во Париз го освои сребрениот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол во мешани двојки...

Турскиот олимпиец во стрелаштво Јусуф Дикеч поднесе барање до турскиот Институт за интелектуална сопственост за заштита на комерцијалната употреба на позата што го направи познат на Игрите во Париз.

„Откако бевме информирани за бројни иницијативи за регистрација на трговска марка, кои беа спроведени без знаење на Јусуф Дикеч, го поднесовме барањето пред околу една недела“, изјави неговиот тренер Ердинк Билгили.

Дикеч на Олимписки игри во Париз го освои сребрениот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол во мешани двојки, пукајќи со левата рака во џеб, без заштитни очила и слушалки.