УХМР

Следниот период нестабилно со можност за пороен дожд и грмежи

03.09.2024 12:25

Како што најавуваат од УХМР процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Како што најавуваат од УХМР процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во западните делови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд.