ИНДИЈА

Монсунски дождови во југоистокот на Индија, најмалку 33 загинати

03.09.2024 12:30

Голем број куќи во Андра Прадеш и Телагана се урнаа во налетот на надојдената вода...

Најмалку 33 луѓе загинаа во обилните монсунски дождови и поплави што го зафатија југоистокот на Индија. Голем број куќи во Андра Прадеш и Телагана се урнаа во налетот на надојдената вода. Сообраќајот е во прекин, а спасувачките тимови го евакуираат населението од погодените места. Над 4 илјади луѓе досега се префрлени во безбедни кампови. Властите издадоа црвен аларм во 11 области во земјата откако метеоролозите најавија нови дождови во регионот. Ова се најлошите поплави во последните две децении со кои се соочува земјата.

„Владата на Телангана објави црвен аларм. Повикав итен состанок со мојот комесар и со сите регионални службеници. Имавме состанок и строго им дадов инструкции на сите дека не смееме да видиме човечки загуби“, изјави Гадвал Виџајалакшми, градоначалничка на општина во Телангана.