Протест на вработените во МАНУ, бараат поголеми плати и престанок на притисоците врз вработените
Протест на вработените во МАНУ, бараат покачување на платите и да престанат притисоците врз вработените. Повторно го активираа штрајкот кој беше ставен во мирување од февруари 2023-та година. Тогаш работодавецот се обврза и ги прифати сите барања на штрајкувачите, но од потпишаната спогодба не е исполнето ништо, информира Трпе Деаноски од УПОЗ...

Вработените во МАНУ повторно го активираа штрајкот, бараат повисоки плати. Велат дека од потпишаната спогодба, досега ништо не било исполнето. Првиот човек на УПОЗ, Деаноски, изјави дека од академиците стигнуваат закани и заплашувања до вработените да се забрани одвивањето на штрајкот. Апелира да слушнат сите надлежни институции во државата, а особено основачот на МАНУ – собранието.
Во техничката служба на МАНУ се 36 вработени кои штрајкуваат. Велат дека нивната плата е за 50 проценти помала од платите во другите научни установи.
Ќе се штрајкува во текот на целото работно време и ќе работи само архивата за прием на пошта. Во лабораторијата дел од вработените работат, а дел штрајкуваат.
Ана Јосифоска Тодоровска
