Одбележување

25 години од формирањето на Бригадата на ЈИЕ

03.09.2024 13:30

Министерот за одбрана Мисајловски истакна дека нашата Армија стана придонесувач кон глобалниот мир. Иницијативата придонесе за стабилност, развој на регионот но и воена соработка меѓу министерствата за одбрана...

Во кумановската касарна на свечена манифестација се одбележаа 25 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа. Министерот за одбрана Мисајловски истакна дека нашата Армија стана придонесувач кон глобалниот мир. Иницијативата придонесе за стабилност, развој на регионот но и воена соработка меѓу министерствата за одбрана.

Известува Елена Георгиевска