Милан и Ајакс во „клинч“ за осминафинале
Пет празни осминафинални места вечерва ќе пополни Е – Х сегментот во Лигата на шампионите. Пресметката на некогашните европски прваци Милан и Ајакс ќе го промовира вториот осминафиналист од групата „Х“. Таму веќе е Барселона која со победа против Селтик ќе ја обезбеди првата привилигирана позици. На „росонерите“ им е доволно и реми затоа што во пресрет на четрнаесетиот дуел со Ајакс имаат бод повеќе. Преносот од „Сан Сиро„ ќе биде на МРТ1 во 20 и 45.

Математички, најкомплицирано е во групата „Ф“. Постои можност првпат во историјата на Лигата на шампионите, 12 бода да не бидат доволни за европска пролет. Во најнезгодна позиција е Наполи. За пласман меѓу 16-те, на екипата на Горан Пандев и е потребен триумф од три разлика против Арсенал на „Сао Паоло„. При таков резултат и победа на Борусија Дортмунд во Марсеј, сезоната ќе заврши за „топчиите„. На лондончани им одговара и пораз од два гола, на Наполи и нерешено под услов „милионерите„ да загубат на „Велодром„ кај отпишаниот Олимпик. Ако Италијанците и Германците завршат со ист број бодови, но без Англичаните, тогаш ќе профитира Борусија затоа што е подобра во меѓусебните мечеви со Наполи.
Наколку варијанти се во игра и во „Г“ конкуренцијата. Наједноставната е Зенит да победи во Виена кај Австрија којашто е без шанси и да му се придружи на Атлетико во осминафиналето. За евентуален прогрес, на Порто му се неопходни три бода од Мадрид, но и кикс на Русите. Ако Зенит и Порто соберат по девет бода, тогаш дел од извлекувањето в петок ќе биде тимот од Санкт Петербург бидејќи на „Драгао“ славеше со 1:0, а дома одигра 1:1.
Челзи е веќе во нокаут фазата, со победа дома против Стеауа и како првопласиран во групата „Е“. Базел и Шалке во меѓусебен дуел ќе решат за втората позиција. Швајцарците се во предност затоа што имаат бод повеќе, играат на „Сент Јакоб“ и им одговара и нерешено.
Група „Е“
Челзи – Стеауа
Базел – Шалке
1. Челзи 9
2. Базел 8
3. Шалке 7
4. Стеауа 3
Група „Ф“
Наполи - Арсенал
О. Марсеј – Борусија Д.
1. Арсенал 12
2. Борусија Д. 9
3. Наполи 9
4. О. Марсеј 0
Група „Г“
Австрија В. - Зенит
Атлетико М. - Порто
1. Атлетико М. 13
2. Зенит 6
3. Порто 5
4. Австрија В. 2
Група „Х“
Милан - Ајакс
Барселона - Селтик
1. Барселона 10
2. Милан 8
3. Ајакс 7
4. Селтик 3