Србија со бенефиции за повеќе деца
Српската влада го стимулира раѓањето, на секоја мајка која родила едно дете ќе и бидат впишани по 6 месеци пензиски стаж, а оние со две деца ќе добијат 12 месеци. Останува правилото за три и повеќе деца мајките да добијат 2 години екстра пензиски стаж.

Наспроти овие привилегии за мајките Србија ја зголемува старосната граница за пензионирање на жените. На почетокот на 2020 година жените ќе заминуваат во пензија со навршени 63 години. Старосната граница ќе се зголемува за по 4 месеци годишно и во 2032-ра жените во пензија ќе заминуваат со навршени 65 години. Со тоа жените во Србија ќе се доближат на условите што важат за пензионирање на мажите .
Свето Николовски