Во Собранието интерпелација за спикерот Гаши
Интерпелацијата за спикерот Африм Гаши на дневен ред на собраниска седница. Партијата Левица бара одговорност поради неколку инциденти во изминатиот период. Според најавите, пратениците на СДСМ ќе гласаат „за“, коалицијата „Твоја Македонија“ нема да го поддржи отповикувањето на претседателот на Собранието…

Интерпелацијата против претседателот на Собранието, Гаши поднесена од Левица темелена во седум точки ја образложи пратеникот Апасиев. Според него, собранискиот спикер ја прекршил секуларноста на државата, употребата на македонскиот јазик како и дека бил причината за скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје со косовската претседателка Османи.
Гаши пак од своја страна истакна дека во ниту еден од наведените случаи не ги прекршил Уставот и законите. Станува збор за верска нетрпелиовост, фобија од албанскиот јазик и против добрососедските односи – оценува првиот меѓу еднаквите. Во својот говор, тој посочи дека станувало збор за едноминутен молк во чест на жртвите од Сребреница без религиозни обреди.
Партиите претходно се изјаснија како ќе гласаат нивните пратеници. Нема усогласеност на ставовите во опозицијата. Миле Талевски од СДСМ рече дека социјалдемократите ќе застанат во одбрана на беззаконието и побара од премиерот Мицкоски да го одржи предизборното ветување дека никој не е над законот. Митева од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека ваквите ставови на опозицијата не се ништо ново, интерпелацијата е чиста политика против власта и премиерот Мицкоски. Џафери од ДУИ со став дека Европскиот фронт нема да ја поддржи интерпелацијата, но дека имаат реални забелешки за работата на собранискиот спикер Гаши.
Ниту пратеникот од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, Фатмир Битиќи нема да ја поддржи интерпелацијата за Гаши. Според таа е шовинистичка и ксенофобична.
Интерпелација според Деловникот на Собранието трае еден ден.
Марина Стојанова-Тонева
