Околу 70.000 граѓани на Косово бараат азил
Рак рана за либерализацијата на визниот режим на Косово со ЕУ е бројката од околу 70 илјади граѓани кои што побарале азил во некоја од земјите на Унијата, пишува приштинскиот весник ,,Зери”.
„Неможноста да се обезбеди социјална сигурност на Косово поттикнува илјадници Косовари да бараат начини да заминат од земјата во некоја од земјите членки на ЕУ, во надеж дека ќе им биде одобрен престој “, пишува ,,Зери”.

Според експертите за емиграција, тоа би требало да биде загрижувачко за косовските институции, бидејќи може негативно да влиијае на процесот на либерализација на визниот режим на Косово со членките на ЕУ.