Пожар во скопски Расадник, во општина Кисела Вода
Попладнево изби пожар во Расадникот во скопска Кисела Вода. Како што кажа директорот на ЦУК, Стојаче Ангелов, пожарот се шири на сите страни, но во моментов нема опасност за околните објекти...

Попладнево изби пожар во Расадникот во скопска Кисела Вода. Како што кажа директорот на ЦУК, Стојаче Ангелов, пожарот се шири на сите страни, но во моментов нема опасност за околните објекти.
„Имаме шумски пожар среде град. Горат дрвја, грмушки и трева. Пожарот има зафатено голема површина, се шири во сите насоки. На лице место има една екипа од скопската Пожарна, ќе пристигнат и други. Проблемот е тоа што пожарот се шири во круг на сите страна. Нема потреба од паника иако се шири густ час, пожарникарите работат на терен“, рече Ангелов.
Во близина на пожарот, на неполни 50-на метри има згради, како и паркинг со многу коли.
