Собрание
Собранието не ја изгласа интерпелацијата на спикерот Африм Гаши
03.09.2024 20:42
Со 72 гласа против, и 21 за, Собранието вечерва не ја прифати интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши, поднесена од Левица...

Со 72 гласа против, и 21 за, Собранието вечерва не ја прифати интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши, поднесена од Левица.
На гласањето пратениците на ДУИ не присуствуваа во салата, а претходно претставници на пратеничките групи од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се изјаснија дека нема да ја поддржат интерпелацијата.
И пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи се изјасни дека нема да гласа според препораките на неговата партија која гласаше за интерпелацијата.
