Македонија
Новиот амбасадор на ЕУ Михалис Рокас пристигна во Скопје
03.09.2024 21:16
Грчкиот дипломат Михалис Рокас е новиот евроамбасадор, објави делегацијата на ЕУ во Скопје. Рокас доаѓа на местото на евроамбасадорот Дејвид Гир...

Грчкиот дипломат Михалис Рокас е новиот евроамбасадор, објави делегацијата на ЕУ во Скопје. Рокас доаѓа на местото на евроамбасадорот Дејвид Гир.
Пред да биде назначен во земјава, Рокас беше шеф на делегацијата на ЕУ во Малезија, должност на која се наоѓаше од декември 2020 година.
Претходно, бил вршител на работите на ЕУ и шеф на делегацијата во Нов Зеланд, а потоа и раководител на Одделот за поддршка на делегациите при европската служба за надворешни работи.
