Струга

Крвична пријава за албански државјанин кој ограбувал цркви

10.07.2014 15:27

Дваесет и четиригодишно лице(М.М) од албанското село Котодеш доби кривична пријава од Полициската станица во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „Тешка кражба“.  На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до осум дена.

Како што информираат од СВР Охрид, пријавениот М.М. (24), во периодот од 1 мај до 8 јули годинава, извршил серија тешки кражби во црквите „Св. Петка“, „Св. Архангел Михаил“, и „Св. Недела“ во струшкото село Радожда.

„Тој илегално ја преминувал македонско-албанската граница по што вршел обиколка низ населбата Радожда. Во погоден момент, М.М. влегувал во црквите каде насилно и со физичка сила ги отворал влезните врати. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста на црквите, ги земал металните каси и со употреба на тврд предмет ги кинел држачите од катинарите. Потоа ги одземал парите од касите и од иконите и брзо излегувал од црквите. На тој начин, сега притворениот М.М. присвоил околу 3000,оо денари“, соопштуваат од СВР Охрид.

По извршувањето на кражбите,  М.М. по илегалниот пат  се враќал назад во родното село во Република Албанија.