Руски напад врз Киев и Лавов
Над Белгород соборени украински дронови. Полска ги подигна авионите...

Жесток руски напад во текот на ноќта врз Киев и центарот на Лавов. Погодена и зградата на универзитетот во Суми. Над Белгород соборени украински дронови. Полска ги подигна авионите. Белата куќа со непоколеблива поддршка за Киев по нападот на Полтава во кој загинаа 51 лице а над 250 беа повредени. Зеленски благодарен за системите Патриот од Романија, изјави дека работи на дополнителна заштита на Украина.
„Продолжуваме да работиме со сите наши партнери за посилни решенија за нашата одбрана, за решенија со долг дострел кои можат да уништат значителен дел од руската балистика пред да биде лансирана. Таквото овластување е најголемиот чекор кон вистински, крај на оваа војна. Русија едноставно не знае како да се бори без терор“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Украина ќе ја задржи окупираната руска територија додека не го принуди Путин да преговара-додава Зеленски. Од друга страна, притисокот врз војската на Киев на Покровскиот фронт расте додека се нижат оставки во украинската влада. Последен во низата-шефот на украинската дипломатија Кулеба.
