ИТАЛИЈА

Рим под вода по силно, но кратко невреме

04.09.2024 08:32

За помалку од еден час наврнале 60 литри дожд на квадратен метар...

Рим под вода по кратка но силна бура што ја зафати централна и јужна Италија по долг период на топлотен бран. За помалку од еден час наврнале 60 литри дожд на квадратен метар. Многу делови од градот беа поплавени, а дрвја беа урнати од силниот ветер.

За денеска е издадено предупредување за бури во поголемиот дел од Северна Италија.