ЦУК

ЦУК: И натаму активен пожарот во Мариово

04.09.2024 08:43

Во Општина Прилеп доцна синоќа заседаваше кризниот штаб. Се бранат селата Бонче, Крушевица, Дуње, Пештани и Кален...

Големиот пожар во опсег од 20 километри, и натаму активен во Мариово. Во Општина Прилеп доцна синоќа заседаваше кризниот штаб. Се бранат селата Бонче, Крушевица, Дуње, Пештани и Кален. На помош е планирано да дојдат пожарникари и од други општини.

Во текот на денот повторно ќе се активира воздушна поддршка од Армијата и Дирекцијата за заштита и спасување, а ќе бидат ангажирани и 70 армиски припадници, 20 од специјалните единици на МВР и 30 од Национални шуми.