Економија

БМЗ стартува со инвстиција во ТИРЗ Скопје

04.09.2024 08:47

Нова странска инвестиција во земјава. Денеска ќе биде поставен камен-темелник на германска компанија, каде што ќе се произведуваат литиумски батерии. Инвестицијата тежи околу 65 милиони евра, а ќе има речиси 700 нови вработувања...

Камен темелник за фабрика за литиумски батерии, инвестиција од 65 милиони евра на германската компанија БМЗ Груп, ќе биде поставен денеска во Технолошко индустриската развојна зона Скопје.

На настанот е најавено присуство на премиерот Христијан Мицкоски, кој вчера изјави дека инвестицијата ќе отвори 700 работни места, а и претходела напорна двомесечна работа и отстранување на недостатоци што се акумулирале во месеците наназад.

Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот ќе биде намалена разликата, односно дефицитот меѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува БДП, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања.

Од СДСМ, пак, во реакција на изјавата на Мицкоски соопштија дека инвестицијата била договорена уште во септември минатата година од тогашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи.