Просторија за разговор со деца во гостиварската полиција
Според министерката Јанкуловска, потребата за ваква просторија се наметнува со новиот Закон за кривична постапка и Законот за правда на детето кои налагаат посебен третман и стандарди.

Специјализирана просторија за водење разговор со малолетни лица е отворена во гостиварската Полициска станица. Според министерката Јанкуловска, потребата за ваква просторија се наметнува со новиот Закон за кривична постапка и Законот за правда на детето кои налагаат посебен третман и стандарди.
Проектот опфаќа отварање вакви простории во четири градови: Гостивар, Битола, Кочани и Гевгелија, а полициски службеници ќе бидат обучени за користење на опремата. Проектот се реализира во соработка со УНИЦЕФ и кралството Холандија и општините.
Минатата година над 1500 малилетни лица се нашле во судир со законот, а значителен е и бројот на жртви меѓу нив.
Зоран Јованоски
