Објавени деталите за европските квалификации за СП2026
Европските квалификации ќе се играат во дванаесет групи, од кои седум ќе бидат со по пет, а пет со по четири селекции. Дванаесетте победници од европските квалификациски групи директно ќе се пласираат на СП.
Светската фудбалска организација (ФИФА) ги информираше националните федерации за постапката за жрепката на европските квалификации за Мундијалот 2026 која ќе се одржи на 13 декември годинава.
Европските квалификации ќе се играат во дванаесет групи, од кои седум ќе бидат со по пет, а пет со по четири селекции. Дванаесетте победници од европските квалификациски групи директно ќе се пласираат на СП.
Уште четири европски репрезентации ќе обезбедат мундијалски настап преку дополнителни квалификации во кои ќе играат 12 второпласирани репрезентации и четирите најдобри селекции од Лигата на нации кои нема да се пласираат директно или на второто место во својата група. Дополнитениот „плеј-оф“ ќе се состои од четири „патеки“ со по четири репрезентации, кои полуфиналето и финалето ќе ги играат во март 2026 година.
Европските квалификации ќе почнат во март 2025 година за репрезентациите кои нема да играат четвртфинале или плеј-оф во Лигата на нации, а останатите термини се закажани за јуни (освен за финалистите од Лигата на нации), септември, октомври и декември.