Култура

Светска премиера на најновото дело на Дарија Андовска во Сараево

04.09.2024 10:11

Вечерва е светската премиера на најновата композиција од Дарија Андовска во Сараево, Босна и Херцеговина, во изведба на No Borders Orchestra, под диригентската палка на маестро Премил Петровиќ.

Вечерва е светската премиера на најновата композиција од Дарија Андовска во Сараево, Босна и Херцеговина, во изведба на No Borders Orchestra, под диригентската палка на маестро Премил Петровиќ.

Композицијата „Зајди, зајди“ од Дарија Андовска за глас и пијано, напишана по нарачка Ема Николовска – мецосопран, во чија изведба заедно со Howard Watkins/Charles-Richard Hamelin на пијано на 10.3.2024 ја имаше својата светска премиера во Berkeley California, CalArts, по која следуваа нејзини изведби во Vancouver Recital Society, Montréal – Salle Bourgie, Toronto – Koerner Hall, NYC Carnegie Hall, Weill Hall, Ottawa Chamberfest, London, Ontario – University of Western Ontario.

По бројните изведби на оваа и други композиции од Дарија Андовска во Холандија, Германија, Италија, вечерва таа има уште една светска премиера.

Станува збор за нејзината најнова композиција „Apoptotic Bodies“ за гудачки оркестар и фиксен медиум, напишана по нарачка на No Borders Orchestra за нивниот Turning Point Tour.

На оваа турнеја, покрај историските ремек-дела на A. Schoenberg, G. Mahler и R. Strauss, ќе се изведат 4 нови композиции, нарачани од страна на No Borders Orchestra од едни од најреномираните и истакнати композитори од регионот: Нина Перовиќ (Црна Гора), Давор Бранимир Винче (Хрватска), Марко Никодијевиќ (Србија) и Дарија Андовска (Македонија).

Светската премиера на новите 4 композиции е на 4.9.2024 во Сараево, каде започнува балканскиот дел на турнејата, кој веќе на 6.9.2024 продолжува во Нови Сад.

Се очекува оваа програма да се сними и издаде на носач на звук од Deutsche Gramophon.

Веќе на 12.9.2024, во MC Gallery во Њујорк, Иван Наумовски – баритон и Ана Гацева – пијано, во рамките на својот рецитал, ќе изведат 4 композиции од циклусот „Песни од татковината“ на Андовска.

Дарија Андовска е една од најплодните, најреномираните и најизведуваните македонски композитори на светските подиуми, таа редовен професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ, каде моментално ја извршува функцијата декан.