Трамп ќе се изјасни за невин во новиот случај за мешање во изборите во 2020 година
Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, во поднесокот до судот изјави дека ќе се изјасни за невин по обвиненијата во изменетото обвинение кое го товари дека се обидел да ја поништи неговата загуба на изборите во 2020-та година од Џозеф Бајден.

Изменетиот обвинителен акт, поднесен минатата недела од специјалниот советник Џек Смит, ги вклучува истите четири обвиненија кои обвинителите ги покренаа против Трамп минатата година.
Тој се товари за обид за измама на САД, попречување на потврдувањето на резултатите на изборите во Конгресот и лишување на гласачите од нивното право на фер глас. Трамп верува дека имал целосно право да се меша во резултатите од изборите во 2020 година.