Тројца професори најавуваат штрајк со глад
Тројца професори од Економскиот факултет на универзитетот Гоце Делчев од Штип го обвинуваат Деканот дека сака да ги избрка од работа, иако тие ги исполнуваат сите критериуми за професионално унапредување. Велат дека доколку не бидат повторно избрани ќе штрајкуваат со глад. Правдата за ваквата одлука на Универзитетот ќе ја бараат од надлежните институции .
Тројцата професори од Економскиот факултет при универзитетот Гоце Делчев тврдат дека ги исполниле сите критериуми, професионално ги извршувале работни задачи и добиле позитивен извештај, но како што велат и тоа не било доволно наставно научниот совет да гласа за нивен реизбор. Правдата ќе ја бараат од надлежните институции.
„Деканот со групата која ја менаџира едноставно неаргументирано и без основ гласаше против позитивниот рецензентски извештај “, вели Крсте Шајноски, универзитетски профсор.
„Ги исполнувам сите критериуми имам позитивен рецензентски извештај и покрај тоа поради нечие самоволие се прави обид мојот избор да се оневозможи“, вели Маргарита Матлиеска, универзитетски професор .
Проректорот на штипскиот Универзитет за МТВ вели дека постапката за реизборот на професорите е сеуште во тек, а Советот не донел конечна одлука. Целата постапка ќе биде согласно Законот за високо образование тврди Барбариев .
„Немаме никаков извештај никаква одлука од наставно научниот совет тие имаат свои размислувања и ставови околу ова прашање, она што понатаму ќе следи е званично писмено известување од овој совет што е тоа што точно се случува таму“, вели Барбариев.
Во одбрана на универзитетските професори застана Синдикатот за образование наука и култура. Ќе штрајкуваат со глад ако до утре не се исполнат нивните барања, да се реизберат како доценти на универзитетот, а Деканот на економскиот факултет не си поднесе оставка.
Викторија Тодоровска
