Финансиска поддршка

Се зголемуваат субвенциите за производство на пченица и јачмен

04.09.2024 12:17

Во текот на вчерашната владина седница донесовме одлука за зголемување на субвенцијата и доделување на дополнителни 3 денари по килограм за производителите на пченица имајќи предвид регионалната конкуренција, најави денеска премиерот Мицкоски...

Во текот на вчерашната владина седница донесовме одлука за зголемување на субвенцијата и доделување на дополнителни 3 денари по килограм за производителите на пченица имајќи предвид регионалната конкуренција. Ние сакаме да ги задржиме бидејќи ова ни е стратешка култура и мораме да се грижиме за луѓето коишто се занимаваат со производство на пченица, изјави премиерот Мицкоски на одговор на новинарско прашање во врска со проблемот со откуп на производителите на пченица.

Премиерот додаде дека е донесена и одлука двојно да се зголеми субвенцијата за производство на јачмен.

Ако досега субвенцијата за хектар беше околу 6.000 денари, на вчерашната седница донесевме одлука да ја зголемиме двојно, односно да биде 12.000 денари, имајќи ја предвид ниската цена на откуп на јачменот од 9 денари по килограм-рече Мицкоски.

Нагласи дека Владата продолжува да ги поддржува сите оние коишто придонесуваат во насока на подобрување на условите за живот во Македонија.