Намалени цените на училишниот прибор
Ранци, тетратки, блокови. Намалени се цените на училишниот прибор откако се донесе одлука за ограничување на профитните маржи...

Се намалуваат цените во книжарниците за училишниот прибор по владината одлука за ограничување на профитните маржи. Продажните објекти веќе почнаа да ги прават прилагодувањата. Родителите сметаат дека е направен добар чекор, да им се помогне на оние на кои помошта сега им е и повеќе од потребна.
На големо, маржата е ограничена на 5%, а на мало до 10%.
И од книжарниците ја поздравија оваа одлука, ама денеска не беа расположени за коментар, оти како што велат, ги прилагодувале цените.
Ваквата одлука следи откако за анализираните увозни царински декларации на дел од производите, Владата констатирала дека многу производи биле предмет на монопол или дуопол.
Со намалени цени ќе се продаваат училишниот прибор, гумите, тетратките, моливите, пенкалата, боиците, пластелинот.
Мерката за поевтин школски прибор ќе трае до 20-ти октомври.
Борис Грујоски
