Кривичен суд

Споени постапките за двојното убиство

04.09.2024 13:11

Првото рочиште за убиството на на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски денеска беше одложено, за да се спојат обвиненијата за Љупчо Палевски- Палчо и неговите четворица соработници...

По повеќе од десет месеци, во Кривичниот суд во Скопје почна судењето за грабнувањето и за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Обвинети се Љупчо Палевски – Палчо, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Рочиштето се одложи бидејќи судијата одлучи да го прифати барањето на Основното јавно обвинителство да ги спои постапките против Љупчо Палевски-Палчо и преостанатите четворица обвинети соизвршители во еден предмет.

Известува Анита Димитријевска – Велковска