БДП во вториот квартал со раст од 2,3 проценти
Статистичките податоци покажуваат дека финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава, номинално расте за 4,7 проценти, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 74,5 процети.

Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава забалежа раст од 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во вториот квартал годинава, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 9,5 проценти, а 8,7 проценти во Стручни, научни и технички дејности и Административни и помошни услужни дејности.
Статистичките податоци покажуваат дека финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава, номинално расте за 4,7 проценти, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 74,5 процети.
Во истиот период, информира ДЗС, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3,4 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,2 проценти.
Бруто-инвестициите во второто тримесечје од годинава бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства, а намалување во промената на залихите.
БДП во првиот квартал изнсуваше 1,2 отсто, а со ребалансот на Буџетот е проектиран на износ од 2,1 процент.
