МВР

Кривична за вработен во МВР, зел пари на рака за административна такса

04.09.2024 13:38

МВР до Основното јавно обвинителство во Дебар поднесе кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи- Охрид, кој е осомничен за кривично дело „злоупотреба на службената положба“.

МВР до Основното јавно обвинителство во Дебар поднесе кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи- Охрид, кој е осомничен за кривично дело „злоупотреба на службената положба“.

Пријавениот Љ.З., во својство на одговорно лице, во периодот од 01.01.2022 до 05.08.2024 од барателите, на рака ги земал парите што требало да ги платат на жиро сметката на Министерството за внатрешни работи за административни такси, со цел да им врши услуга, односно во нивно име тој да изврши уплата за административни такси.

Но, наместо тоа, парите тој противправно ги присвоил и со тоа за себе прибавил имотна корист и нанел штета на Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 60.950 денари.

Во наведениот период, за вкупно 179 примени барања нема потврда за платени административни такси. Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола против Љ.З. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, стои во соопштението на МВР.