Македонија

Повреден пожарникар од Штип доби опомена пред тужба за неплатено лекување

04.09.2024 14:02

Опомена пред тужба за неплатен долг доби пожарникар од Штип еден месец по лекувањето во болницата, каде се лекуваше по повредите кои ги доби при гасење на пожар...

Пожарникарот Александар Георгиевски од Штип кој на 30 јули беше повреден при гасење на пожар, а потоа пренесен во Клиничката болница во Штип, доби опомена пред тужба од страна на болницата поради неплатен долг за лекување.

Георгиевски се онесвестил при гасење на објект, бил извлечен од своите колеги, а потоа однесен во болницата, каде по укажаната помош му било подобро и истиот ден си отишол дома. Не зел боледување и наредниот ден веќе бил на работа. Георгиевски реагира на неажурноста на болничката администрација.

Од болницата информираат дека сите пациенти плаќаат одредена партиципација според таканаречен ДРГ систем, освен ако не се ослободени по некој основ. За Георгиевски по направениот увид било утврдено дека нема основ за ослободување од партиципација.

 

Славица Величковска