Евроинтеграции

Муртезани: Подготвени сме за суштински дијалог со Бугарија

04.09.2024 14:35

Муртезани информирал дека Владата веднаш по преземањето на функцијата ја одобри реформската агенда, и е подготвена за суштински дијалог со Бугарија за надминување на пречката за евроинтеграција.

Спроведување на реформите за приближување кон ЕУ и надминување на пречката со уставните промени за продолжување на евроинтегративниот пат, биле тема на разговори меѓу вицепремиерот за европски прашања Орхан Муртезани и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Брисел.

Муртезани информирал дека Владата веднаш по преземањето на функцијата ја одобри реформската агенда, и е подготвена за суштински дијалог со Бугарија за надминување на пречката за евроинтеграција.

„Европската Унија стои силно зад Република Северна Македонија во можноста за изнаоѓање начин за надминување на овој спор. Го информирав комесарот дека како Влада сме спремни за суштински дијалог со нашиот сосед Република Бугарија, дијалог којшто сметаме дека е неопходен и кој треба да заврши со надминување на овој проблем, притоа заштитувајќи ги интересите на двете земји“, изјави Муртезани.

Еврокомесарот Вархеји, пак, нагласил дека Европската унија стои силно зад Северна Македонија за изнаоѓање на решение за надминување на овој спор.