Македонија
Огнена стихија во мариовско, кризниот штаб ги координира акциите на теренот
04.09.2024 14:41
Борба со големата огнена стихија во мариовско. Повеќе од 200 луѓе ангажирани за гаснење на пожарот што им се закануваше на неколку села...

Жарко Маркоски е еден од триесетината жители на мариовското село Бонче кои поминаа неизвесна и тешка ноќ поради големиот пожар во Мариово кој зафати и преку 20 километри огнена стихија.
Преку 200 професионалци, од АРМ, од специјалната полиција, од Национални шуми, пожарникари од повеќе градови се обидуваат да го изгаснат големиот пожар.
Поради густиот чад, тешко се интервенира од воздух.
Прилепскиот кризен штаб ги координира акциите на теренот во Мариово.
Елизабета Митреска
