МВР

Сопруг и сопруга се пријавиле во полиција за семејно насилство

04.09.2024 16:42

Вчера 32-годишна жена од Скопје пријавила дека на 2 септември во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од својот 30-годишен сопруг од Скопје...

Вчера 32-годишна жена од Скопје пријавила дека на 2 септември во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од својот 30-годишен сопруг од Скопје, кој ѝ се заканувал и со остар предмет.

Помалку од еден час од нејзината пријава, и сопругот пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата жена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.