Македонија

Од утре ДПИ на терен, ќе се проверува дали училишниот прибор се продава со ограничена маржа

04.09.2024 18:54

Пазарните инспектори од утре на терен. Ќе проверуваат дали книжарниците ги намалиле цените на училишниот прибор по ограничувањето на маржите...

Инспекторите од четврток на терен. Трговците кои се опфатени со владината одлука за училиштен прибор ги усогласуваат цените на производите.

Доколку се утврди прекршување на одлуката на Владата ќе следуваат казни од 800 до 10 000 евра, велат од Инспекторатот.

Од таму додаваат дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

„Апелирам да се почитува одлуката, а исто така ги повикувам граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во Пазарниот инспекторат. Пријава до Пазарниот инспекторат може да поднесете на 191 или www.dpi.gov.mk“, велат од ДПИ.

Според граѓаните одлуката е добра, но можеби е малку задоцнета.

Ова следува откако Владата ги ограничи маржите. Трошоците за училишниот прибор се очекува да се намалат. Мерката ќе трае до 20-ти октомври.

 

Ана Јосифоска-Тодоровска