Македонија

Градоначалникот Лимани се сретна со вицепремиерот Меџити, поддршка од Владата за Гостивар

04.09.2024 19:33

Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска одржа работна средба со првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити...

Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска одржа работна средба со првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

На средбата се разговараше за проектите кои ќе го подобрат животниот стандард во Гостивар, како што е канализацијата од блок 2, значаен проект за гостиварци, продолжување на проектот за канализација во село Чегран во вредност од 1,3 милиони евра, како и други проекти кои значително ќе влијаат на животот на граѓаните на Гостивар.

В.д градоначалник на општина Гостивар, Валбон Лимани, се заблагодари на Владата што одлучила да ја поддржи општина Гостивар и ќе побара поддршка од Владата, особено во проектите кои се однесуваат на животната средина, квалитетот на воздухот и подземната инфраструктура.

„Разговаравме за најавите и алатките кои владата ги предвидела за општините, како и за проблемите со кои се соочуваме како општина, како блок дотации од Министерството за Образование и Наука, блок дотации од Министерството за Одбрана како и проекти за подобрување на условите за живеење на граѓаните преку фокусирање на проекти поврзани со животната средина, квалитетот на воздухот и подземната инфраструктура“, рече в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Валбон Лимани.

За време на средбста Меџити-Лимани беше разговарано и за децентрализацијата и идејата за преминување во нова фаза на фискална децентрализација, што значи зајакнување на општините, подобрување на блок дотациите, имајќи предвид дека со зголемувањето на платите се намалија средствата за превоз и инвестициите во училиштата.