Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

05.09.2024 07:48

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи...

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде од 10 до 19, а максималната од 28 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.