Судскиот совет ќе го разгледува извештајот на работната група за работата на судијата Пајазит Пајазити
Одлуките на Пајазити станаа поле за меѓусебни партиски обвинувања на власта и опозицијата...

На итна, јавна седница Судскиот совет ќе го разгледува извештајот на работната група која ја проверуваше работата на судијата Пајазит Пајазити и одлуките поврзани со случаите со Блерим Рамадани и Иџет Мемети. Одлуките на Пајазити станаа поле за меѓусебни партиски обвинувања на власта и опозицијата.
Иџет Мемети пак, се спогоди со судот за условна казна затвор, откако беше обвинет дека со врховниот судија Наќе Георгиев барале пари, а за возврат ветувале дека можат да му ја олеснат положбата на поранешниот градоначалник на Ново Село Боро Стојчев, осомничен за шверц на дрога. И судијата Георгиев се спогоди, но доби 3 години затвор и забрана за вршење на професијата.
