Земјоделство

Странски експерти во аграрот со препораки за поголеми приноси

10.07.2014 17:38

Срански експерти со препораки за поголем принос на житните култури...

Современа технологија, правилна примена на препаратите и квалитетен семенски материјал се само некои од препораките на oвој германски експерт кои треба да се применат за да се оствари поголем принос на житните култури. Тој е неколку дена е на полињата во Градско. 

„Работиме во сушни услови овде и тоа важи за поголем број од земјоделските фирми, треба со најмал број на чекори најголем број од активностите да бидат завршени“, вели Ханс Јоаким Екард, агроексперт од Германија.

Овој агрокомбинат  на 450 хектари остварува принос  од 4,5 тони пченица по хектар . Очекува од наредната година по примената на  новото искуство  подобри резултати .

„Лоцираше некои работи кои треба да ги подобриме, во смисла на техничка опременост, механизација, приклучна механизација. Сите препораки кои ќе бидат дадени од негова страна ќе бидат прифатени, бидејќи сето тоа значи подобар принос и квалитет“, рече Роби Богевски, агроном.

Новата група странски експерти ќе доагаат на месец и пол дена. По групата од Холандија и Германија листата ќе се прошири и на други земји .

„Досега веќе 20 странски експерти престојуваа и го даваа своето искуство во домашните компании, кои се дел од овј проект. За во идните три месеци, очекуваме посета на уште дваесетина други странски експерти, кои ќе престојуваат и работат во дваесетина други македонски компании,“ рече Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.

Жетвата е во ек. Околу 95.000 хектари пченица се посеани годинава и со оглед на временските услови се очекува подобар квалитет од лани. Просечниот принос се движи до 3 тони по хектар.

Дијана Ценевска