Нетанјаху не се откажува од Коридорот Филаделфија
Израелците четврти ден протестираат во Тел Авив и бараат прекин на огнот...

Коридорот Филаделфија мора да остане цврсто под контрола на Израел, а Хамас нема да ослободи заложници доколкуИзраел се откаже од своето воено присуство, истакна премиерот Нетанјаху. Од друга страна, Израелците четврти ден протестираат во Тел Авив и бараат прекин на огнот.
„Јас сум посветен како премиер на Израел на две работи. Првата е да се постигне ослободување на заложниците, а втората е да се заштити безбедноста на Израел“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Газа може да се демилитаризира само ако Коридорот Филаделфија остане цврсто под контрола и не е линија за снабдување со оружје и терористичка опрема.
Речиси 190.000 деца се вакцинирани против детска парализа во палестинската енклава, објави УНИЦЕФ.
