Украина

Зеленски: Целите во Курск се спроведуваат

05.09.2024 08:31

По последните напади врз Лавов и Криви Рих, Зеленски вели дека е важно светот да го види рускиот терор...

Сите дефинирани цели на операцијата во Курск се спроведуваат, истакна украинскиот претседател. По последните напади врз Лавов и Криви Рих, Зеленски вели дека е важно светот да го види рускиот терор.

„Важно е светот да го види овој терор и да реагира на него, на сето она што Русија го прави против нашиот народ, против нашата држава. Благодарен сум на сите политички и јавни личности, на секој лидер кој ја поддржува Украина и Украинците и го осудува рускиот терор. Исто така благодарен сум на сите новинари од Украина, Европа и светот кои ја зборуваат вистината за она што се случува, за оваа војна и за важноста да се заштити животот“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Шефот на Агенцијата за нуклеарно набљудување на Обединетите нации, ја посети нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина. Според Гроси, ситуацијата во најголемиот капацитет за атомска енергија во Европа е многу кревка.