Економија

Јаневска, Пешев и Улман ќе посетат компанија вклучена во концептот на дуално образование

05.09.2024 08:36

Како што информира Стопанската комора, фабриката за водоводни цевки „Каз груп“ во Скопје реализира практична обука на учениците и соработува со стручното училиште СУГС „Владо Тасески“ – Скопје.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман и извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев денеска ќе ја посетат компанијата „Каз груп“ во Скопје, која е вклучена во реализација на концептот на дуално образование.

Како што информира Стопанската комора, фабриката за водоводни цевки „Каз груп“ во Скопје реализира практична обука на учениците и соработува со стручното училиште СУГС „Владо Тасески“ – Скопје.

Професорот за практична настава од училиштето, со 10-тина ученици кои посетуваат пракса во компанијата ќе бидат исто така присутни на настанот. Компанијата е лоцирана во скопската општина Илинден.