САД
14-годишник изврши напад во Џорџија
05.09.2024 08:36
Во нападот има над 30 повредени. Училиштето претходно добило телефонска закана, пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на извори од полициски службеници...

Двајца наставници и двајца ученици загинаа во напад со огнено оружје во Џорџија. Бирото за истраги соопшти дека лицето кое отворило оган во средно училиште во Виндер е 14-годишен ученик. Во нападот има над 30 повредени.
Училиштето претходно добило телефонска закана, пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на извори од полициски службеници. Малолетникот се терети со обвинение за убиство и ќе му се суди како на возрасен.
