Култура
Министерот Љутков во работна посета на локалитетот Баргала и во Штип
05.09.2024 08:46
Министерот Љутков со директорите на установите и со градоначалниците, Иван Јорданов на Штип и Виктор Паунов на Карбинци ќе направи увид во актуелната состојба во областа на културата и туризмот во овој регион...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска е во работна посета на локалитетот Баргала во Општина Карбинци и на националните установи од областа на културата во Штип.
Министерот Љутков со директорите на установите и со градоначалниците, Иван Јорданов на Штип и Виктор Паунов на Карбинци ќе направи увид во актуелната состојба во областа на културата и туризмот во овој регион.
Како што соопштуваат од Министерството, предвидена е и изјава за медиумите.
