Без струја делови од неколку скопски општини
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Карпош, Чаир и Гази Баба.

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Карпош, Чаир и Гази Баба.
Во период од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улицата „Мишко Михајловски“ во општина Кисела Вода, а од 09:00 до 13:00 часот од дел од улицата „Копачка“ во општина Карпош.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 08:00 до 11:00 часот ќе има на дел од улиците „Крсто Арсенов“, „Добри Даскалов“ и „Емин Дураку“ во општина Чаир, а од 08:00 до 15:00 часот дел од корисниците на населбите Чукур и Трубарево во општина Гази Баба.
