Тенис

Синер го победи Медведев и се пласира во полуфиналето на УС Опен

05.09.2024 08:58

Местото меѓу последните четири на турнирот во Њујорк го доби победувајќи со 6:2, 1:6, 6:1, 6:4 против Данило Медведев, победникот на изданието на овој турнир во 2021 година...

Јаник Синер е последниот полуфиналист на УС Опен. Местото меѓу последните четири на турнирот во Њујорк го доби победувајќи со 6:2, 1:6, 6:1, 6:4 против Данило Медведев, победникот на изданието на овој турнир во 2021 година.

На водечкиот тенисер на АТП рангирањето му беа потребни 2 часа и 39 минути за да го совлада некогаш најдобриот, а денеска петти на светската ранг-листа. Синер оваа година има биланс од 53 победи и пет порази.