Почина маратонката Чептеги која партнерот ја полеа со бензин и запали

05.09.2024 10:00

„Тоа беше кукавички и бесмислен чин кој доведе до загуба на голем спортист. Нејзиното наследство ќе живее“, додаде Рукаре.

Угандската маратонка Ребека Чептеги (33) почина од изгореници откако ја запали нејзиниот партнер, објави Олимпискиот комитет на Уганда.

„Ја дознавме тажната вест за смртта на нашата олимписка атлетичарка Ребека Чептеги по насилниот напад од нејзиното момче, нека нејзината душа почива во мир и најостро го осудуваме насилството врз жените“, порача првиот човек на Олимпискиот комитет на Уганда, Доналд Рукаре, во објава на социјалната мрежа Икс.

„Тоа беше кукавички и бесмислен чин кој доведе до загуба на голем спортист. Нејзиното наследство ќе живее“, додаде Рукаре.

Чептеги, која се натпреваруваше на маратонот на Олимпијадата во Париз и го освои 44. место, се лекуваше во болница во Елдорет, западна Кенија, откако претрпе „повеќе од 80 проценти“ изгореници на телото.