Колку заработија кафулињата од фудбалската еуфорија?
Не само на трибините, фудбалот ја вжешти атмосферата и во рестораните...

Се гледаше фудбал, но и се јадеше. За 40 проценти е зголемен бројот на нарачките. Маријан Кочоски, готвач во еден скопски ресторан, вели деновиве работи со полна пареа.
На прашањето што најмногу јадеа гостите, Кочоски одоговори „пилешки прсти, кромод, пици“.
Топлото време и жешката атмосфера мораше да се гаснат. За време на натпреварите се празнат и по 5-столитарски буриња пиво.
Пивото е пијалакот што најмногу се пиеше за време на светското првенство. Според угостителите, од 400 до 500 кригли се пиеле секоја вечер.
Се внимавало и на процедурата.
„При точењето на пивето не е важно само тоа да биде ладно, и криглата мора да биде исто така изладена“, вели Никола Остерски.
Видеобимови, келнери облечени во дресови, фудбалско мени. Мундијалот им даде можност на угоститлите да бидат иновативни и да го зголемат прометот на долг рок.
„На секој натпревар има таква посетеност, по 400 луѓе се менува на секој час-два. Во текот на полувремето на натпреварите имавме бенд што ги забавуваше гостите“, вели Боби Трајковски, менаџер на ресторан.
И додека се одбројуваат деновите до финалето, угостителите се трудат гостите да бидат максимално задоволни, за да дојдат .
Наташа Јанчиќ
