ДПИ од денеска ќе контролираат дали трговците ја усогласиле цената на училишниот прибор
Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска ќе контролираат дали трговците ја усогласиле цената на производите. Оваа мерка доаѓа еден ден по почетокот на учебната година ...

Согласно одлуката на Владата по пониски цени да се продаваат: ранци и ташни; тетратки, блокови, нотеси, колажи; средства за пишување (моливи и пенкала); дрвени боици; пластелин, теста за моделирање, подлоги; фломастери и маркери; мрсни боици; темперни, акрилни, водени бои и четки; линијари и дидактички материјали; острилки и гуми за бришење; детски ножици; футроли, и училишни додатоци; лепак и шестари, дигитрони, компаси и лупи.
Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска ќе контролираат дали трговците ја усогласиле цената на производите. Оваа мерка доаѓа еден ден по почетокот на учебната година, откако веќе голем број родители ги набавија неопходните материјали.
Според Мицкоски, оваа мерка не е задоцнета.
Доколку се прекрши Одлуката, Трајковски потсетува дека ќе има казни од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на трговецот.
