Германија
Пукање во Минхен во близина на израелскиот конзулат, напаѓачот застрелан
05.09.2024 11:29
Израелското МНР потврди дека во близина на нивниот конзулат имало истрели, а напаѓачот е неутрализиран...

Германската полиција застрела осомничено лице во близина на Музејот за злосторствата на нацистичкиот режим и израелскиот генерален конзулат во Минхен.
Побарано е граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот. Израелското МНР потврди дека во близина на нивниот конзулат имало истрели, а напаѓачот е неутрализиран.
Инцидентот се случи на годишнината од нападот за време на Олимписките игри во 1972 година, кога терористи убија 11 израелски спортисти во Минхен, со што беше затворен израелскиот конзулат.
