Украина

Нов напад во Киев, побарано од граѓаните да останат во засолништата

05.09.2024 11:54

Важно е светот да го види овој терор и да реагира на него, на сето она што Русија го прави против нашиот народ, рече Зеленски...

Тревога за воздушен напад врз Киев. Побарано е граѓаните да останат во засолништа. Украинскиот претседател Зеленски вели дека сите дефинирани цели на операцијата во Курск се спроведуваат.

„Важно е светот да го види овој терор и да реагира на него, на сето она што Русија го прави против нашиот народ, против нашата држава. Благодарен сум на сите политички и јавни личности, на секој лидер кој ја поддржува Украина и Украинците и го осудува рускиот терор. Исто така благодарен сум на сите новинари од Украина, Европа и светот кои ја зборуваат вистината за она што се случува, за оваа војна и за важноста да се заштити животот“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Според претседателот Путин, целта на Украина да ја натера Русија да префрли војници од една област во друга и да ја прекине офанзивата во Донбас не успеаја.

„Целта на непријателот беше да не натера да се нервираме, да префрлиме војници од една област во друга и да ја запреме нашата офанзива во клучните области, пред сè во Донбас, чиешто ослободување е наша примарна цел. Дали тоа функционираше? Не, непријателот не успеа. Но, прво, нашите вооружени сили ја стабилизираа ситуацијата и почнаа постепено да ги истиснуваат од пограничните области. И второ, што е најважно, не се преземаат никакви активности за да се спречи нашата офанзива“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Шефот Меѓународната агенција за атомска енергија по посетата на нуклеарната централа Запорожје, најави дека разладната кула ќе биде урната бидејќи е неупотреблива по нападот изминатиот месец.